Германско девојче, припадник на ИД најдено во Мосул

0
818

Германска тинејџерка која била најдена во Мосул откако избегала од дома по нејзиното прифаќање на исламската вера пред една година изјави дека жали за ваквата нејзина одлука и само сака да се врати кај нејзиното семејство, јавија германските медиуми кои разговарале со неа. Ирачките власти соопштија дека девојчето било заробено откако било откриено како се крие во една урнатина во Мосул откако милитантите на Исламската држава биле протерани од тој град. Се наведува дека девојчето од Франкфурт најпрвин заминало за Турција по што било префрлено во Ирак.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари