Германско-француска комеморација во Битола и Прилеп

0
379

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост (Volkstrauertag) амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија денеска организираат комеморации на Француските воени гробишта во Битола и на Германските воени гробишта во Прилеп.

Поменот е посветен на сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Во знак на помирувањето на двете држави и како доказ за француско-германското пријателство, во присуство на претставници на државните и локални власти, на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер ќе одржи говор на француските воени гробишта во Битола, а Кристиан Тимоние, амбасадорот на  Франција ќе говори на германските воени гробишта во Прилеп.