Ги сакаме животните- едукативна работилница во ОУ.Стив Наумов

0
433

Под мотото Ги сакаме животните , во ОУ. Стив Наумов се одржа едукативна презентација за учениците, во соработка со здружението за заштита на животните и животната средина Мали херои од Битола.

На презентацијата за негата и како да се чуваат миленциите, говореа дел од членовите на Мали херои, како и доктор по ветеринарна медицина.

Презентацијата е како дел од активностите по повод патрониот празник на училиштето.

Учениците на презентацијата ги донесоа и своите миленици и ги претставија пред сите присутни.

Покрај милениците, на презентацијата децата донесоа и цртежи со животни како и раскази за истите.

Учениците донираа и храна за животните за кои се грижи здружението Мали херои, а беа доделени и благодарници од страна на здружението за одличната соработка со ова училиште.

Одбележувањето на патрониот празник на ОУ. Стив Наумов продолжува на 28 – ми октомври.