Ги уби колегите новинари, па се застрелал

0
263

Вооружениот маж осомничен за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџија се застрелал самиот неколку часа по инцидентот, пишува „Хафингтон пост“, повикувајќи се на информации од полицијата.

alison-adam-jpg1

Тој бил идентификуван како Вестер Ли Фланаган, на возраст од 41 година, кој до пред извесно време работел како репортер во истата телевизија како и жртвите, односно WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“ каде известувал под името Брајс Вилијамс.

Како што пренесува „Хафингтон“, осомничениот со возилото со кое се обидувал да и побегне на полициската потера излетал од автопат и по кратко време бил најден од полицајците со рана од огнено оружје. Тој веднаш бил префрлен во најблиската болница со тешки повреди и во критична состојба.

24058golema

Фланаган е осомничен за убиството на 24-годишната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на телевизија WDBJ-TV, кои денеска беа застрелани додека известуваа во живо од местото Монет, во округот Бедфорд во државата Вирџинија.

Неколку часа по убиството, на твитер-профил под името Брајс Вилијамс, биле објавени две видеа од пукањето, снимени од перспектива на напаѓачот. Едното видео, според „Хафингтон“ прекинува во моментот кога тој нишани со пиштолот кон новинарката, а на другото се гледа како отвара оган кон неа и снимателот.

Полицијата сеуште ги истражува мотивите за убиството.