Гинеколошките карциноми едни од најчестите

0
826

Гинеколошките карциноми според бројот на регистрирани пациенти се едни од најчестите карциноми кои се јавуваат кај жената, веднаш зад карциномот на бели дробови, дојка и дебело црево. Постојат четири главни видови гинеколошки карциноми: eндометријален карцином, карцином на јајчници, на грло на матка и на вулва.

-Гинеколошките карциноми се на второ место по зачестеност, веднаш после карциномот на дојка. Меѓутоа за разлика од карциномот на дојка, гинеколошките карциноми, поточно карциномот на грлото на матката може да се открива во многу рани фази, односно во многу рани стадиуми, кога е можен третман и комплетно излекување. За разлика од карциномот на дојка и останатите карциноми кај кои не постојат т.н скрининг тестови и методи , со кој што може рано да се откријат во рани стадиуми, изјавио Д-р Бобан Сарџовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Аџибадем Систина

Кога ќе се јават симптомите, тогаш болеста е во понапредна фаза.

-Најчести симптоми се контактно крварење или крварење при сексуален однос, симптом кој што се јавува кај грлото на матката, интаменструално крварење, крварења кои што се јавуваат помежу два менструални циклуси или пак во менопауза, специфика за ендометријалниот карцином односно на карциномот на телото на матката, а додека јајникот за жал не дава никакви симптоми, тој се открива на случаен преглед или пак на редовен преглед, вели Д-р Сарџовски

Гинеколошките карциноми можеме да ги третираме конзервативно но можеме да ги третираме и хируршки. Во зависност од неколку параметри се прави проценка за каков тип на карцином се работи и во кој стадиум е . Постојат и критериуми врз основа на кој се прави и прогноза што е најдобро за пациентката

-Кај пациенки кај кои што имаме дијагностика која што ни кажува дека хируршкиот третман за нив ќе биде најсоодветен, тоа се : карцином на вулвата и вагината во првите два стадиуми, потоа карциномот на грлото на матката, каде што зависи од степенот на раширеност и од типот на тумурот. Доколку некои се откриени во понапредна фаза, доколку хируршки не е возможно да се интервенира, тогаш препорачуваме конзервативна терапија, се препраќаат на онколог, каде што подлежат на хемо-радио терапија, па доколку настане регресија или подобрување на состојбата, може да се оди со хируршка интервенција, додава Д-р Сарџовски

Нема правило кога ќе се јави оваа болест. Ако порано беа критични над 40 тата година, сега има и помлади пациенти.

-Пред 15 до 20 години карцином кај пациентки под 40 години на грло на матка не сме барале. Денес таа граница за жал е многу спуштена, така што оперираме пациентки и под 30 години, и под 25 години. Апослутно нема правило кога ќе се јави карцином, вели Д-р Сарџовски

За разлика од западните земји, во Македонија според Д-р Сарџовски здравствената култура не е на високо ниво во однос на превенцијата. Тој со совет: Редовните гинеколошки и ултразвучни прегледи и ПАП тестот еднаш годишно се најдобра превенција бидејќи со откривање во рана фаза, поголема е можноста за излекување.