Gipsy Groove за прв пат настапија во Битола

0
277

Деветтото издание на фестивалот Музика од светот измина во знакот на македонската традиционална музика, но настапија и босанскиот музичар Божо Вречо како и бендот Џипси Грув.

Оваа група е всушност проект кој изобилува со енергичен настап во кој се вткаени многу музички стилови како реге, хип-хоп, рок итн. Нивните настапи се доста харизматични и енергични.

Во Битола настапија за прв пат, а за Тера телевизија истакнаа дека се воодушевени од атмосферата на фестивалот, љубезноста на битолчани и со задоволство би настапиле повторно овде.

Без коментари