Гламур и весела атмосфера на матурската прослава на горната гимназија

0
3453

Во средината на мај по традиција се организираат матурските прослави, одбележување на крајот на средношколските години, неформално дружење со професорите, потсетување на убавите моменти.
Матурантите слават, се забавуваат, се радуваат.
Убаво осмислено пристигнување во ресторанот Гранд Премиер, украсен специјално за матурантите, беше организирано за матурантите од гимназијата Јосип Броз Тито, кои продефилираа на црвениот килим.
Опкружени со толпа луѓе кои со нетрпение го очекуваа нивното пристигнување, матурантите годинава добија силни аплаузи. Сите преубави, истакнувајќи ја својата младост и убавина поминуваа со своите партнери за на почеток да се направат фотографии како спомен за цел живот.
Пред ресторан Гранд Премиер, светеа раскошни фустани, елегантни костуми и обувки, а матурантите се загреваа со труби, тапани и зурли.
-Многу генерации поминуваат во нашето училиште и секоја остава свој белег, секоја е уникатна и посебна на свој начин, но морам да истакнам дека оваа генерација ученици е една извонредна ризница на таленти кои понатаму во животот ќе бидат успешни граѓани и наша гордост, истакна директорот Печалев.
– Генерација за паметење. Убави, модерни и пред се паметни. Вака професорите и дел од колективот на гимназијата ги опишаа овогодинешните матуранти .
Четирите години во гимназијата им поминале како сон.
– Иако брзо, засекогаш ќе останат во нашите секавања -истакнаа дел од матурантите.
За веселата атмосфера на матурската прослава се погрижија група Боеми и Brass brothers.
Тие се присетија на нивните матурски прослави.
Забавата на матурантите траеше до раните утрински часови.
Матурата претставува круна на полнолетството, почеток на нов циклус од животот. Се раскажуваат случки од средношколските клупи, се присеќаваат на убавите моменти поминати во средно образование.
Со играње, пеење и фотографирање , потсетување на средношколските денови кои никогаш не се забораваат, се одбележа завршувањето на средното училиште за матурантите од горната гимназија и почеток на влегување во една нова фаза од животот на секој матурант.