Гласањето заврши без големи инциденти

0
558

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори.

Според досегашните информации, гласањето помина релативно мирно, главно со забелешки и приговори дека голем број граѓани не се нашле на избирачкиот список.

Организациите кои го набљудуваа гласањето соопштуваа за инциденти со обиди за поткуп, незаконско агитирање за одредени партии, фотографирање на гласачки ливчиња, но, барем според оние информации со кои се располага сега, немало поголеми инциденти какви што имаше на претходните изборни циклуси, кои вклучуваа кршење гласачки кутии, пукање од огнено оружје и слично.

Во тек е пребројувањето на гласачките ливчиња, а конечната излезност ќе биде соопштена околу 21 часот.

Според последните информации од ДИК, во 17 часот излезноста била 60,38 проценти.

Без коментари

LEAVE A REPLY