Гласот на Тамара Стојковска ја освојува македонската јавност

0
791

Незаборавната „Кога те нема“, на Хелена Благне, првиот победник на Макфест во далечната 1986-та година, доживеа интересна обработка од младата битолчанка Тамара Стојковска, која феноменално ја отпеа песната.

За песната е реализиран и минималистички видео-запис во кој учествува и Даниела Радевска на виолончело, а песната е по аранжман на Давор Неќак и во соработка со ДримКаст Продукција.

Тамара Стојковска има 19 години и студира на Факултетот за музички уметности.

Ова е прв официјален кавер на Тамара а таа на битолската јавност е позната одамна, и преку музиката но и како дел од театарот Дел арте.