Главевски ја спречи прилепската радост во пелагониското дерби

0
261

Победа – Пелистер 1:1 (1:0)

 

Градски стадион „Гоце Делчев„ – Прилеп. Гледачи: 6000

Главен судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Асистенти: Горан Димитров (Кавадарци) и Илија Гонев (Неготино)

Делегат: Крсте Даниловски (Скопје)

Стрелец: Шаркоски во 37 минута за Победа, а Главевски во 90 минута за Пелистер

Жолти картони: Мегленски, Карчески, И, Мирчески (Победа), а Тодоровски, Миленковски, Стојковски, Љамчевски (Пелистер)

Црвени картони: Карчески (Победа) во 85 минута и Стојковски (Пелистер) во 85 минути

 

Победа:

Трајкоски (од 46м. Јованоски), Талески, Богоески, Мегленски, Колевски, Петрески, Шаркоски (од 76м. Здравески), Трајчески, Ф. Мирчески, Николовски (од 46м. И.Мирчески), Гешоски

 

Пелистер:

Пашовски, Тодоровски (од 65м. Ацески), Додевски, Главевски, Мустафов, Миленковски, Стојковски, Степановски, Недановски, Лампевски (од 69м. Димитриоски), Трпески (од 46м. Љамчевски)

 

Трет натпревар и трето реми со ист резултат на фудбалерите на Пелистер во Втората фудбалска лига. Момците на Штерјовски и во подготвителниот период најчесто играа без победник, а сега во официјалните мечеви, како што загубија два бода во Кичево во првото коло, така се спасија од пораз во пелагониското дерби. Победа поведе во 37 минута кога Шаркоски ја искористи убавата акција по левата страна на Гешоски и ппоколективната грешка на битолската одбрана, ја смести топката во мрежата на Горан Пашовски. 8 минути подоцна, Пелистер својата најзрела шанса ја имаше преку Антонио Стојковски,кој изби сам пред Трајковски, но биеше лошо и шансата за израмнување отиде во неврат. Во вториот дел се играше без многу убавина и зрели шанси. Длабоко во судиското надополнување, Благојче Главевски од одпадок, по грубата грешка на домашниот голман, погоди за за финални 1:1. Следува двонеделна пауза заради репрезентативните активности, а потоа Пелистер игра уште два дерби натпревари со Љубанци и Тетекс.