Главевски пак клучен фактор: Пелистер го доби пелaгониското дерби

0
3424

Пелистер – Победа 2:1 (0:1)

Игралиште во Новаци. Гледачи 500

Главен судија: Зоранчо Темелков (Кавадарци).

Асистенти: Горан Манасиев и Петар Новачев (Велес).

Делегат: Спасе Панџак (Охрид)

Стрелци: Трифуновски во 44 и Главевски во 78 минута за Пелистер, а Колески во 26 минута за Победа

Жолти картони: Главевски (Пелистер), Талески (Победа)

Црвени картони: нема

 

Пелистер:

Пашовски (од 10м. Атанасовски), Тодоровски, Мирчевски, Трајковски, Степановски, Лампевски, Неданоски, Трпевски (од 33м. Главевски), Љамчевски (83. Додевски), Трифуновски, Димитриоски

Победа:

Д. Котевски (од 1м. Јованоски), Талески, Колевски, Крстески, Котески, Мегленски, Петрески, Карчески, Шаркоски (од 59м. Здравески), Николовски (од 46м. И. Мирчески), Гешоски

Фудбалерите на Пелистер ја забележаа втората последователна победа во Втората фудбалска лига, откако во самиот финиш го скршија отпорот на Победа и го добија пелагониското дерби со 2:1. Во неизвесен дуел игран на теренот во Новаци, Пелистер мораше да го брка раното водство на прилепчани. Колески во 26 минута ги доведе фудбалерите на Победа во водство, а малерот кој ги затекна битолчани беше уште поголем по повредата на голманот Пашовски, кој по само 10 минути беше заменет со Атанасовски. Во вистински момент во 44 минута, Иве Трифуновски израмни на 1:1. Кога се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат, Благојче Главевски од одпадок во 78 минута погоди и по втор пат со гол во финишот им донесе три бода на битолчани. Пелистер со оваа и победата во Гостивар дојде до второто место и стабилна позиција во пресрет на последните три кола од есенскиот дел од шампионатот на Втората лига. И покрај проблемите со неисплатените плати и премии, зелените се надминаа себе си и остануваат единствена непоразена екипа во шампионатот на Втората лига.