Глигоров: „Вардар има сили да го мине АПОЕЛ утревечер„

0
647

Фудбалерот на Вардар, Никола Глигоров, верува дека „црвено-црните“ ќе успеат да го елиминираат АПОЕЛ во реваншот во квалификациите во Лигата на шампионите и да влезат во наредната рунда. „АПОЕЛ беше фаворит во пресрет на овој двомеч, но по првиот натпревар шансите се 50-50%. Дуелот во Никозија беше напорен за нас, но одговоривме на тој предизвик, што ни дава оптимизам за уште подобра игра во Скопје. Резултатот не ветува ништо, но ни дава надеж дека можеме да стигнеме до следната рунда“ изјави Глигоров. Средбата ќе биде одиграна утре од 20.00 часот на „Арената Филип Втори„ во Скопје.

Без коментари

LEAVE A REPLY