Глоба од 50 евра за уринирање на домашни миленици, 100 евра за уништување на тревници?

0
916

Имате милениче, си го шетате во паркот, но доколку тоа уринира на зеленилото, можете да бидете казнети за тоа со глоба од 50 евра во денарска против вредност. Исто така со 50 евра ќе бидете казнети и доколку берете цветови од дрвјата или лепите плакати на нив.Ова се дел од мерките од новиот законот за зеленило кој што влезе во Собрание.За овие мерки за измена на законот за зеленило, граѓаните со поделени ставови

-Ова сметам дека е добро, вели граѓанин

-Така е во европските земји за собирање на изметот од кучињата ви кесичка, а доколку уринира миленичето за тоа незнам како да се реши, вели битолчанец

-Многу е висока казната за берење цветови од дрва, вели граѓанин

Деновиве поради новите мерки за измени на законот за зеленило со реакција се огласија од Здружението „Анима Мунди“:

„Шокирани сме со новиот Закон за зеленило кој е влезен во Собранието, во кој, меѓу другото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, ако на зеленило за јавна употреба врши уринирање и дефекација на домашни миленици на зеленило. Ова е скандалозна, безобразна, безобѕирна одредба која ја нема никаде во свет и преку која на удар, стигматизација и финансиски линч ќе бидат изложени сите сопственици на животни!“, реагираат од Здружението „Анима Мунди“.

Во Собранието влезе новиот закон за зеленило во кој меѓудругото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, ако на зеленило за јавна употреба врши:

-собирање на цветови од дрвјата;

-закачување на рекламни паноа и натписи и лепење плакати на дрвја;

-фрлање и оставање отпадоци во зеленилото;

-чување и напасување добиток и живина на зеленило и

-уринирање и дефекација на домашни миленици на зеленило.

Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, ако на зеленило за јавна употреба врши:

-корнење, сечење и кастрење дрвја, грмушки и жива ограда;

-соголување и засекување на стебла на дрва;

-уништување на тревници преку отстранување на земја;

-откривање и оштетување на корења на дрва и садници;

-откорнување цветни и тревни бусени;

-палење оган на тревни површини и палење стебла;

-оставање градежен материјал и шут на зеленило;

-паркирање на возила и нивно миење на зеленило

-истурање нечиста вода и други течности на зеленило кои го загадуваат и оштетуваат зеленилото.

Времето ќе покаже дали со мерките за новиот закон за зеленило ќе ја имаме или не глетката на стадото овци и коњи кои што беа распостелени на тревната површина во неколку наврати во Нова Битола и кои што ги регистрира нашата камера.Исто така можеби нема да налетаме на стадо крави низ градскиот парк додека се шетаме или џогираме низ шеталиштето.