Глобалното затоплување ги топи финансиските средства

0
321

Речиси 2% од светските средства (околу 2500 милијарди долари) можат да бидат изложени на ризик од загуба во случај на зголемување на глобалната температура на Земјата со 2,5 ° C до 2100 година, според анкетата на Лондонската школа за економија.

Главните причини за потенцијалната штета – физичкото уништување на средства, намалувањето на нивната продуктивност, како и потребата од дополнителни инвестиции за зајакнување на инфраструктурата и адаптација кон климатските промени.

Според студија објавена неодамна во списанието „Nature“, зголемувањето на глобалната температура ќе доведе до значително зголемување на сушата, поплави и топли бранови, кои се одразуваат директно врз светската економија, намалувањето на економскиот раст и профитабилност на инструментите на берзата.

На овој начин, во случај на зголемување на глобалната температура на планетата со 2,5 ° C до 2100 година, под закана ќе бидат околу 2,5 милијарди долари инвестиции. Во најлош случај (веројатноста која е приближно 1%) загубата на светските средства може да достигне 24 трилиони доалри (17% од вкупниот волумен).

Според еден од авторите на студијата, професор Симон Диец од Лондонската школа за економија, „студијата ги илустрира ризиците од климатските промени за долгорочни инвестиции, резултатите се особено важни за пензиски фондови, планирање на долгорочни инвестиции, како и за финансиските регулатори погодени од драстичната корекција на вредноста на средствата во врска со ризикот за климата“.

„Нема сценарио, каде што промената на климата нема да влијае врз финансиските средства – голем број компании ќе имаат корист од развојот на настаните, голем број на компании, сепак, ќе загубат“ – рече Симон Диец, велејќи дека некои големи институционални инвеститори веќего  почнаа повлекувањето на средства од секторот на фосилни горива.

Меѓу нив -са норвешкиот пензиски фонд и семејство Рокфелер (последниот го објави повлекувањето на инвестиции, вклучувајќи од компанијата „ExxonMobil“). Германската осигурителна компанија „Allianz“ исто така најави повлекувањето на средства од рударски и енергетски компании.

www.faktor.mk