Глумецот Раде Шербеџија и семејството на Субрата Рој на списокот на ДИК

0
424

Хрватскиот глумец Раде Шербеџија, семејството на индискиот инвеститот Субрата Рој, Сушанта и Свапна Рој, кои добија македонско државјанство се дел од звучните имиња кои се најдоа на списокот за теренска проверка кој го објави ДИК.

Неизвесно е кој ќе им отвори кога на вратите ќе затропаат анкетарите на ДИК при теренската проверка. Пократ нив на списокот се наоѓа и Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, новинарката на Сител Ивона Талевска, екс пратеникот Јани Макрадули, тренерот на „Металург“, Лино Червар, новинарите Ерол Ризаов и Ивица Челиковиќ, дописник на МРТВ кој живее во Шведска.

Вкупно 89 илјади граѓани од 80 општини се предмет на теренска обработка на ДИК.