Го чистеа споменикот на Филип Втори во Битола

0
3630

Група  жени, денеска со четки, сунгери и хемиски средства дојдоа на плоштадот Магнолија и спроведоа акција за чистење на споменикот на Филип Втори во Битола, кој пред неколку дена беше  обоен  со боите на Шарената револуција.

Тие рекоа дека акцијата е независна и порачаа да не се уништуваат и нагрдуваат спомениците кои имаат историска важност за македонскиот народ.

-Да не се уништуваат спомениците на нашите предци, на нашите херои. До вечера доаѓав со моите внуци да се фотографираме тука, а сега немам зборови на што личи сето ова. Молам да преовладее разумот, секој нека го изрази својот став, но на мирен и демократски начин. Да ја зачуваме Битола, која никогаш не била поубава од сега, изјави Славица Стојановска