Го испрскала сопругот со солна киселина по лицето

0
3958

ПС Кичево поднесе кривична пријава против В.В. (43) од с.Брждани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Пријавената, на 29.05.2017 година околу 15.00 часот, при расправија со нејзиниот сопруг во семејната куќа во селото, со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Истиот бил пренесен во општата болница во Кичево каде му биле констатирани видливи повреди во вид на црвенило и отоци по целото лице, како и повреди на очите.

Без коментари