Го измамил за 7700 евра за работна виза за Австралија

0
1710

СВР Битола поднесе кривична пријава против  33 годишно лице од Сиднеј- Австралија со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“. Пријавенииот, на почетокот на октомври годинава, му ветил на 46 годишно лице од Битола, дека за паричен надомест од 7.700 евра, ќе му извади работна виза за Австралија, за него и неговата фамилија. По кратко време пријавениот му признал на оштетениот дека документите коишто ги спремил  се фалсификат и дека во Австралија му требале пари, па се договориле да му ги врати парите. Првично, пријавениот, му вратил само 1.000 евра, додека останатите требало да ги врати до 23.10.2017 година, меѓутоа до моментот на поднесувањето на пријавата парите не му биле вратени.