Го извадиле од бунар, починал на пат до болница

0
1383

Постар човек од прилепско Ерековци, бил изваден од бунар, по цела ноќ помината таму, а на пат до болница починал.

Имено, како што соопшти полицијата, во понеделникот 7.30 часот во полицијата во Прилеп, од Итна медицинска помош Прилеп е пријавено дека Љ.С. (65) од село Ерековци, прилепско, починал при транспорт од село Ерековци до Општа болница Прилеп.

Во неделата околу 18 часот, Љ.С. излегол од неговиот дом во село Ерековци и заминал во непознат правец. Неговата сопруга Д.С. заедно со соседите се обиделе да го најдат, но бидејќи не успеале, околу 22 часот таа го пријавила во полицијата во Прилеп за изчезнат. Во неделата утрото околу 6 часот сопругата го пронашла во бунар во нива во близина на нивната куќа и со помош на нивниот зет го извадиле од бунарот. Љ.С. бил во несвесна состојба, неконтактибилен, со слаби витални знаци и премрзнат, со повреди на главата и рацете, но без знаци на насилство.

Во возилото на Итна медицинска помош, при транспортот кон болницата во Прилеп, починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Прилеп.