Го нападнале со чадор и го ограбиле

0
1615

На 27.07.2017 година, околу 21,30 часот пред „Саат кула“ во Битола две непознати лица извршиле разбојништво над Л.А. (62), при што му одзеле паричник во кој имало лични документи и 9.390 денари. Еден од сторителите со чадор го удрил Л.A. во пределот на грбот, додека другиот од џебот од панталоните му го зел паричникот. Откако го извршиле делото почнале да бегаат, а оштетениот тргнал по нив. Трчајќи ги извадиле парите од паричникот и го фрлиле на земја. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Без коментари