Го осудувам нападот, иако ми е татко

0
2125

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, за НОВА  потврди дека лицето кое пукало во екс министерот Никола Тодоров е нејзиниот татко, 57 годишниот Љупчо Стојановски од село Каласлари.  Таа вели дека е во шок, а за нападот пред Министерство за здравство дознала од медиумите.

„Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто. Не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилството, иако ми е татко. Цел живот се борев за правда и еве што се случи. Во моето семејство никогаш немало насилство“, изјави за НОВА Жаклина Димовска, мајка и на малата Тамара девојчето кое почина чекајќи да замине на лекување во странство.