Го поздравувам ангажманот на амбасадорите

0
530

“Мојот коментар на Твитер, дека македонскиот народ одлучува на изборите, не е ништо друго туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите, и воопшто не е во колизија со напорите кои ги прават претставниците на меѓународната заедница да помогнат”, рече Груевски

Премиерот Никола Груевски вчера го образложи неговиот коментар на Твитер, кој го напиша кусо откако амбасадорите го повикаа да се исполнат обврските од договорот во Пржино. Груевски на Твитер завчера искоментира дека “македонскиот народ одлучува на изборите”, а вчера дополни:
“Сакам да го поздравам ангажманот на меѓународната заедница за помагање и за олеснување на овие преговори. Мојот коментар на Твитер не е ништо друго туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите. На изборите одлучуваат граѓаните, и воопшто не е во колизија со напорите кои ги прават претставниците на меѓународната заедница да помогнат за да се надмине побрзо сегашната ситуација со преговорите”, рече Груевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY