Го сакам филмот-13-то издание на Новиот германски филм

0
291

Центарот за култура – Битола во соработка со амбасадата на Република Германија во Република Македонија од 13 -ти до 16 ти октомври,  го организираше 13-от Фестивал на новиот германски филм.
Филмскиот фестивал на Амбасадата докажува дека германскиот филм живее
и дека интересот за „големото кино “ не стивнува. Фестивалот кој се одржува по 13.пат е константа во културниот живот на 10 македонски градови.

Во фестивалската програма беше прикажана разноликоста на германската кинематографија.
Оваа година мотото беше Го сакам филмот.
–  Филмовите овозможуваат да се ѕирне во животот со сите негови бесконечни фасети. Не можеме се сами да доживееме, а и не би сакале. Во филмот учествуваме во судбината на другите,
живееме, сакаме, се смееме и страдаме со нив -истакна амбасадорот на Германија
Томас Н. Герберих.
Дали комедија, драма, сатира – фестивалот понуди  по нешто за сите,
а оваа година имаше има и два прекрасни детски филмови.
Бесплатните филмски проекции започнаа со комедијата Чик, потоа следуваа проекциите на Тони Ердман, Авантурата на Нели, На иста висина и Херберт.