Го стрелаа оти заспал на состанок со лидерот на Северна Кореја

0
531

Северна Кореја го погуби заменик премиерот затоа што покажал непочитување, односно заспал за време на состанокот со кој претседавал лидерот Ким Јонг Ун, а уште два функционера се испратени на „превоспитување“, сопштија властите.

„Потпретседателот на владата задолжен за образование Ким Јонг Џин е погубен. Ким е стрелан како антипартиски и антиреволуционерен агитатор. Ким Јонг Џин е осуден бидејќи зазел лоша поза додека седел пред говорницата на седницата на севернокорејскиот парламент поради што покрената е истрага во којашто се откриени и други кривични дела“, се вели во соопштението за новинари.

Во соопштението се наведува дека заменик премиерот го предизвикал гневот на претседателот Ким Јонг Ун биејќи задремал за време на состанокот поради што е уапсен на лице место и приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност.

Од преземањето на власта по смртта на својот татко во 2011 година, Ким погубил или сменил голем број на високи функционери со цел, како што велат аналитичарите, зацврстување на својата моќ.

Јужнокорејската новинска агенција наведува дека за време на мандатот на Ким погубени се повеќе од 100 функционери./крај/мф/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY