Годинава загинале преку 2.500 мигранти

0
277

Агенцијата на ОН за бегалци (УНЦХР), денеска соопшти дека годинава преку 2.500 мигранти загинале обидувајќи се да го минат Средоземното Море на пат кон Европа.

Само во првите пет месеци од минатата година, животот го загубиле 1.855 лица.

Портпаролот на УНЦХР, Вилијам Спиндлер, кажа дека во моментов мигрантите кои го минуваат Медитеранот имаа една на осумдесет-и-една шанса дека ќе загинат.

Хуманитарните организации споделуваат фотографија на германски спасувач кој во рацете држи удавено бебе, се` со цел европските власти да се убедат да преземат акција за продолжителната трагедија.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека поголемиот дел од мигрантите кои ја користат Северноафриканската маршута се од Нигерија и Гамбија, додека повеќето Сиријци, Афганистанци и Ирачани, продолжуваат да ја користат турско-грчката рута.

Изминатава недела во обид да го минат Медитеранот загинале околу 880 мигранти и бегалци.