Годишен концерт Музичко училиште Битола

0
2534

Со настапот на средношколскиот хор при државното музичко училиште од Битола под диригентска палка на Лилјана Трајковска Димевски, беше отворен годишниот концерт, на кој учество земаат учениците при истото.
Државното музичко училиште, бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.
Па така и на неодамнешните државни натпревари во Скопје и Битола учениците на музичкото училиште се вратија со бројни награди.
Меѓународниот натпревар кој се одржува во Битола Михајло Николовски, во организација на здружението на музички теоретичари на Македонија, оваа година се одржа по петти пат и е натпревар за категориите теорија на музика, хармонија, контрапункт, музички форми, солфеж.
Потоа следуваше општински натпревар каде учениците се натпреваруваа во теоретски предмети, ансамбли, свирење на инструменти, соло пеење и др.
,  регионален натпревар, после кој најуспешните учесници имаат можност своите музички вештини да ги покажат и на Државниот музички натпревар, кој се одржува во Скопје.
Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.
Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.