Годишен концерт на Државното музичко училиште од Битола

0
326

Со настапот на средношколскиот хор при државното музичко училиште од Б,итола под диригентска палка на Лилјана Трајковска Димевски, беше отворен годишниот концерт .
Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.
Секоја година, Музичкото училиште го организира годишниот концерт на кој учество земаат учениците при истото.
Државното музичко училиште, бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.

Muzicko_Koncert_-_3_copy.jpg
Традиционалниот концерт го заокружи настапот на училишниот гудачки оркестар ,под диригентската палка на проф.Никола Трајановски.

Државното музичко училиште од Битола минатата година потпиша меморандум за соработка со Музичкото училиште „МИМАР СИНАН ” од Истанбул- Турција. Во почетокот на месец мај, годинава, представници од наставничкиот кадар и ученици од битолското училиште, остварија посета на музичко училиште, Мимар Синан и реализараа заеднички целовечерен концерт на средношколски симфониски оркестар со огромен успех.

Muzicko_Koncert_-_1.jpg
Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.

 

Неда Маретиќ