Годишен концерт на ФА Плетенка пред турнејата во Турција и Хрватска

0
256

Традиционално секоја година асоцијацијата за фолклор Плетенка прави годишен концерт на кој што настапуваат сите членови на друштвото.

И оваа година во центарот за култура пред многубројната публика се одржа годишниот концерт.

Оваа година имаат многубројни настани и активности во текот на целото лето а наскоро заминуваат на турнеја во Турција која ќе трае од 6 ти до 14 ти јуни,а потоа следува турнејата во Хрватска и Италија.

Во однос на турнеите ФА Плетенка има гостувано низ сите земји на Европа.

Pletenka_-_3.jpg

Во оваа фолклорна асоцијација работаат три секции: фолклорна,пејачка и музичка. Со секциите работаат кореорграфи,корепетитори и уметнички раководители.Најбројна е фолклорната секција која работи во 4 старосни групи: -Мали пионери, Големи пионери, Младинци и Сениори кои на концертот изведоа интересни фолклорни постановки.

Pletenka_-_1.jpg

Асоцијацијата за фолклор ,,Плетенка,, -Битола е формирана 2001 година , со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство. Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција,нашите корени ,нашиот ентитет затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.

Асоцијацијата за фолклор Плетенка со многубројните концертни настапи и гостувања ширум светот остануваат амбасадори на македонското фолклорно наследство и репрезенти на македонската култура.