Годишна изложба на Фото кино клубот Битола

0
399

Во изложбениот простор Магаза, се одржа четвртата клупска изложба на Фото кино клубот Битола.

Изложбата прераснува во традиционална, со тоа што ако на почетокот беше предизвик да се анимира поголем аудиториум, денес, откако таа цел е постигната се наметнува предизвикот истиот да се зголеми.

20-тина автори изложија свои фотографии,а на изложбата освен што се настојува да се одржи квалитетот од претходните години,се настојува и истиот да се надмине.

Оваа година акцентот е ставен на помладите автори, кои се нова движечка сила во „ФКК Битола“ и кои низ активностите на клубот, неговите работилници како и со постојаната присутност во излагачката дејност во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори чии дела освојуваат се поголем број на награди и признанија.

На изложбата беа наградени и дел од членовите на Фото кино клубот Битола.