Ѓоковиќ го доби дводневното полуфиналена Ролан Гарос

0
206

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Роланд Гарос, откако во дводневното полуфинале славеше над Енди Мари со 3:2. Ѓоковиќ в недела против Вавринка ќе го игра своето 16-то Грен слем финале и ќе се обиде да ја освои својата деветта титула.

Полуфиналето кое во петокот поради најавата за невреме беше прекинато при резултат 6:3, 6:3, 5:7 за Ѓокобвиќ и 3:3 во четвртиот сет, во саботата подобро го започна Мари кој успеа со еден брејк да го добие четвртиот сет 5:7 и да израмни на 2:2.

Сепак во решавачкиот сет Ѓоковиќ се презентираше во своето најдобро светло и лесно со 6:1 стигна до победата.

Победата на Ѓоковиќ ја потврдува и статистиката тој имаше 56 директни поени и 48 неизнудени грешки, додека тој однос кај Мари изнесуваше 36/48.