Ѓоковиќ го освои Рим

0
152

Новак Ѓоковиќ ја продолжи одличната форма, во финалето на мастерс турнирот во Рим го победи Роже Федерер и стигна до уште еден трофеј во својата кариера.

Федерер оптимистички влезе во дуелот против Ѓоковиќ, но српскиот тенисер уште еднаш покажа дека во моментов е далеку пред сите.
Новак Ѓоковиќ за 77 минути го победи Федерер со 6:4 и 6:3 и стигна до трофејот во Рим.
Со оваа победа Ѓоковиќ се доближи на победа до израмнување во меѓусебните дуели со Федерер, во моментов Швајцарецот води со 20:19.