Ѓоковиќ не успеа, Вавринка го освои Ролан Гарос

0
161

Швајцарецот Стен Вавринка ја освои титулата на Роланд Гарос. до својата втора Грен слем титула во кариерата Вавринка стигна по победата над Новак Ѓоковиќ од 3:1 (4:6, 6:4, 3:6, 6:4). Ѓоковиќ го загуби третото финале во Париз и Ролан Гарос оставува единствениот Грен слем кој не успеал да го освои во кариерата.

Вавринка одигра блескаво финале, иако го загуби првиот сет, тој беше тенисерот кој го диктираше ритамот, константно го протискаше противникот и тоа на крајот му ја донесе втората Грен слем титула во кариерата (првата ја освои во Мелбурн во 2014).

Од друга страна Ѓоковиќ не личеше на себе, го одигра веројатно најслабиот меч во последната година и заслужено е поразен. Од самиот старт српскиот играч беше во контраритам, имаше исклучително лош процент на погоден прв сервис, поради што целиот меч го мина во длабока дефанзива.

Домонацијата на Швајцарецот ја покажува и статистиката, тој имаше 59 директни поени и 45 неизнудени грешки, додека тој однос кај Ѓоковиќ изнесуваше 30/41. Вавринка подобро ги користеше брејк шансите, од 15 искористи четири, додека Ѓоковиќ од девет можности за брејк реализираше две.