Голден Стејт ја совлада Оклахома и ќе игра финале против Кливленд

0
418

Голден Стејт ја освои титулата во Западната конференција и избори пласман во големото НБА финале, каде против Кливленд ќе го брани трофејот освоен минатата година. Вориорс, во финалната серија на Западот, направи неверојатен пресврт, откако принегатива 1-3 успеа да ги добие преостанатите три средби.

Решавачкиот седми натпревар во финалето на Западот Голден Стејт го доби со резултат 96:88. На овој начин екипата на Стив Кер по уште еден параметар влезе во историјата, бидејќи стана четвртиот тим кој успеал да надомести негатива 1-3 во конференциско финале, односно Вориорси станаа деветтиот тим во историјата кој во плејофот добил серија откако по четвртиот натпревар имал негатива 1-3.

Последен пат екипата на Бостон, во 1981 година против Филаделфија, успеала да добие конференциско финале по негатива од 1-3.

Мајсторката во Оукланд мина во знакот на Стеф Кари и Клеј Томпсон кои погодија 13 тројки од 23 обиди (Кари 7/12, Томпсон 6/11).

Кари натпреварот го заврши со 36 поени, а Томпсон постигна 21, а довцифрен ефект имаше уште Дрејмонд Грин кој постигна 11 кошеви.