Голден Стејт руши рекорди во НБА лигата

0
406

Кошаркарите на Голден Стејт продолжуваат да создаваат историја и оваа ноќ срушија нов рекорд во НБА. Тие забележаа 21 тројки во победата над Далас со 128: 120 и така го подобрија постигнувањето на Хјустон за најмногу прецизни удари за тројка во рамките на една сезона.

Кошаркарите на актуелниот шампион имаат веќе 938 постигнати тројки, додека минатата сезона Ракетите реализираа 933. Клеј Томпсон постигна 40 поени, од кои 9 тројки, а Стеф Кари додаде уште 33, а беше 5 пати прецизен од далечина.

Со успехот Голден Стејт стигна 65 победи сезонава и стана вториот тим во историјата по Чикаго во 1995-96 и 1996-97, кој победил во најмалку 65 дуели во рамките на две последователни сезони. Тимот од Калифорнија ги задржуваат и шанси да го достигне постигнувањето на Чикаго Булс од 72 победи.

Без коментари

LEAVE A REPLY