Голем број вљубеници во планината до врвот Пелистер во чест на Мурато

0
1764

Во чест и слава на нашиот битолчанец Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, ПСК. Пелистер го организираше 28-тиот Традиционален марш .
Илиевски се искачил на Еверест на 10 -ти мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

И оваа година како и претходните, голем број љубители на планината, но и почитувачи на делото на Димитар Илиевски-Мурато беа дел од ова традиционално искачување.
Турата се одвиваше од Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер 2601 метар надморска висина.
Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.
Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.
За своите достигнувања, Илиевски е одликуван со голем број награди и признанија меѓу кои и наградата „11 Октомври“,како и наградата Cпортист на годината за 1989 година. Од страна на Македонскиот олимписки комитет Димитар е прогласен за „Великан на спортот“.