Голем интерес за поливалентните вакцини

0
387

Македонија од 1 август годинава се приклучи кон останатите земји во светот кои ја применуваат поливалентната вакцинација, која претставува комбинација од вакцини и овозможува заштита од многу заразни болести. Се почна со шестовалентната, а од 1 септември на децата им е овозможена имаунизација и со петовалентната вакцина, која штити од дифтерија, тетанус, бела кашлица, детска парализа и хемофилус инфлуенца, а кај шестовалентната, дополнитело и заштита од ХИП.

lalevska

Во составот на пето и шестовалентните вакцини има повеќекратна заштита и вакцините се прочистени, вели д-р Трајанка Лалевска раководител на Службата за превентивна здрвствена заштита при Здравствениот дом во Битола.

Не така одамна во земјава имаше голема антивакцинална кампања и отпор кај родителите да ги носат своите деца на вакцинација иако имунизацијата е законска обврска .

Овие вакцини овозможуваат голем бенефит и за децата и за докторите, 13 те боцкања се сведуваат на 7 и нема поделби, додава Лалевска.

Воведувањето на поливалентните вакцини се очекува да го намалат бројот на невакцинирани деца, кои доколку немаат потполн имунизационен календар, не би можеле да се запишат во прво одделение.