Голем пожар кај Ротино, едно возило изгоре

0
608

Вечерва на кај Ротино избувна голем пожар кој во моментов е активен, а противпожарната единица на Битола е на терен и состојбата според зборовите на командирот е многу опасна.

Пожарот зафати и едно возило кое се движело на патот и изгоре. Засега нема информација за евентуално повредени.

Заради реконструкцијата на магистралниот пат Битола- Ресен од пред неколку дена, сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

Пожарот се појавил кај 18 часот некаде кај Цапари, гори нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнево го имаше во регион, овозможил брзо ширење. Луѓето со кои разговараше репортерот на Тера, велат дека сега пожарот се шири на кај селото Ротино и стравуваат од голема катастрофа. Освен екипите на противпожарната единица, има и локални жители кои се борат со огнената стихија.

11997043_10153174655238106_257635509_n

11992607_10153174657253106_1993233096_n

12000002_10153174657338106_1911714435_n

Фотографии од нашиот гледач Васко Сиваков

Без коментари

LEAVE A REPLY