Голем пожар кај село Требовље

0
433

Веќе четири дена голем пожар беснее во атарот на поречкото село Требовле, кое се наоѓа на 20-тина километри после Самоков. Досега во пожарот се опфатени преку 400 хектари борова шума.

„Пожарот после четири дена, денес го зема својот најголем замав и ако наскоро не се преземе нешто, ова село во кое живеат неколку жители и има голема викенд населба, може да биде целосно уништено. Институциите надлежни за овој проблем, за жал не покажаа никаков интерес за соочување и решавање на проблемот“, вели Златко Петровски, претседателот на месната заедница.

Тој вели дека уште во првиот ден ја информирале Дирекцијата за заштита и спасување, но реакција немаше.

Пред два дена некаде после 13 часот беа испратени 2 мали авиони, кои не успеаја да го локализираат пожарот, ниту пак да ја намалат опасноста.

Без коментари