Голем пожар во хотел во Дубаи за време на дочекот на новата година

0
461

На Твитер се појавија фотографии од хотелот „Адрес даунтаун Дубаи“ во пламен. Зградата на овој хотел од пет ѕвезди е висока 302 метри и се наоѓа недалеку од местото на годинашниов новогодишен огномет.

Не беше веднаш јасно што го предизвикало пожарот, кој опфатил најмалку 20 ката од зградата во близина на Бурџ Калифа, највисокиот облакодер во светот, пренесува АП.