Голем пожар во хотел во Истанбул

0
468

Во хотел кој се наоѓа во предградието на Истанбул Малтепе, утринава избувна голем пожар.

Овој немил настан се случи во исто време кога во центарот на градот одекна силна експлозија, во која загинаа најмалку десетина луѓе.

Причината за пожарот во хотелот се уште не е позната, но сведоците тврдат дека прво ја чуле експлозијата па потоа го виделе огнот, пренесуваат турските медиуми.

Некои новински агенции пренесуваат дека во хотелот заради пожарот биле заробени неколку работници, кои во меѓувреме се евакуирани.