Голем пожар во Лондон, се запали облакодер

0
341

Најамалку 120 пожарникари и 25 противпожарни возила беа вклучени во гаснење на огнот што изби во еден лондонски облакодер.

– Причината за пожарот сè уште е непозната, соопштија од пожарникарската служба во Лондон, но наведуваат дека добра работа е што благовремено биле евакуирани сите станари и нема повредени.

Од противпожарната служба наведуваат дека во текот на ноќта дел од возилата ќе останат за секој случај пред облакодерот.