Голем пожар во реонот на Кондово

0
647

Голем пожар вечерва го зафати реонот над скопското село Кондово. Според порталот сакамдакажам.мк, кој цитира изјави на жители огнот зафатил и неколку куќи.

Според нивните изјави во селото владее паника.

Огнот се гледа и од населбите Ѓорче Петров и Карпош, чии жители постираат фотографии и видео на социјалните мрежи.

Огнот го гасат девет противпожарни возила. Поради ветерот што дува гасењето е отежнато и не се вклучени хеликоптери.

Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.