Голем шумски пожар на Закинтос

0
549

Во северниот дел на грчкиот остров Закинтос синоќа избувна голем шумски пожар во селото Анафонија, во близина на манастирот Агиос Георгиос.

Регионалниот шеф на одделот за противпожарна заштита на Јонските острови, Ефтимиос Геракопулос информира дека пожарот изгорел 50.000 квадратни метри борова шума, а еден пожарникар бил испратен во болница откако имал вртоглавица и дехидрирал.

Пожарот, за кој се уште не се знае што го предизвикало, го гаснат 26 пожарникари со 16 возила, девет припадници на пешадија, два авиони „Пезетел“ и два канадери.

http://plusinfo.mk

Без коментари