Голема доза на мото адреналин на 7-от мото собир во Битола

0
601

Кога ќе се спомене зборот мотор, секогаш помислуваме на брзина, адреналин и мото собири.
Во Битола се одржа 7-тиот по ред мото собир, на кој гостите од Македонија, но и од другите земји ,прво се собираа и ги презентираа своите мотори на плоштадот Магнолија. Настанот и оваа година е во организација на мото клубот Конзули од Битола.
Следуваше дефилето низ градот од каде вљубенциите во мото брзините се упатија кон  с.Трново каде  се одржа мото собирот.

Ноќните часови беа резервирани за забава, за која се погрижија Retribution (Битола) и Hot Line (Штип).

Mото клубот Конзули од Битола е клуб формиран и регистриран во  2011-тата година од повеќе основачи ентузијасти. Идејата за основање на клубот траела подолго време, а со оглед на бројноста на заинтересираните имало голем притисок за основање на клубот. Во меѓувреме нивни членови – моторџии, повеќе години учествуваа на различни мото тури и дружења.
Овој мото клуб е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината.