Голема операција за спасување на Томислав Салопек

0
363

Се уште неизвесна судбината на младиот Хрват Томислав Салопек. Египет започна голема операција за негово пронаоѓање. Египетскиот претседател ал Сиси на нозе дигна голем број полициски и воени сили, дури и четири тајни служби се во потрага по Хрватот. Египетските медиуми пренесуват дека цел ден се спроведуваат рации најинтензивно во местата Шеик Зувеид, Рафах и Ариш. Властите дадоа зелено светло и за употреба на хеликоптери Апачи со кои се обидуваат да го лоцираат несреќниот маж. Исто така од министерството за одбрана на Египет негираат дека имаат намера да ги ослободат од затвор жените муслиманки од Исламска држава, што беше услов на џихадистите за спас на Салопек.

Според изјавата на француската амбасадорка во Египет, Мишел Бокоз, во последните неколку часа дошло до напредок во преговорите со џихадистите.  Како што пренесува “Јутарњи лист“,Франција е заинтересирана за овој случај бидејќи се работи за Хрват кој работел за француска компанија во Египет, а се сомневаат дека Салопек е случајно киднапиран зашто џихадистите мислеле дека е Французин.
Претходно извори на Исламска држава тврдеа дека милитантите му ја отсекле главата на Салопек – вест што ја пренесоа дел од хрватските медиуми, но не и светските водечки агенции. Хрватското министерство за надворешни работи реагираше на Твитер со молба до сите да не објавуваат непотврдени информации.  Помош на Хрватска и понудија повеќе земји, меѓу кои и Србија.

Без коментари

LEAVE A REPLY