Голема полициска акција во предградие на Брисел

0
340

Голема полициска акција е во тек во бриселското предградие Етербек, јавува белгиската телевизија РТБФ.

Телевизијата повикувајќи се на изјави од сведоци, јавува дека локалното население е евакуирано, а на местото се присутни околу 50 полицајци, меѓу кои има специјални тимови за деминирање и снајпери.

Во областа има големо полициско присуство и амбулантни коли.

Пред половина час деминерите и амбулантните коли заминале, но полицијата останува на местото.

Сè уште не се знае контекстот на оваа операција.

Белгија е во состојба на готовност по смртоносните напади во Брисел на 22 март, кога белгискиот главен град беше погоден од двојни самоубиствени бомбашки напади на аеродромот Завентем и метростаницата во Малбек, при што загинаа најмалку 32 лица, а беа повредени повеќемина.