Голема прослава за 20 години постоење на групата Молика

0
648

Групата која претставува бренд на Битола, а на музичка сцена е 20 години викендов во Битола ќе го прослават големиот јубилеј во ресторан Император.

Неодамна оваа битолска група а препознатлива насекаде низ светот, потпиша договор за соработка со Гранд продукција што претставува чекор напред кон нивната музичка кариера.

Иако прославувањето на јубилејот требаше да се одржи во Скопје, тие се одлучија да го прослават во Битола, затоа што нивните почетоци се токму од нашиот град.

Прославата ќе се одржи проследена со модна ревија, гости и соработници на групата Молика.