Голема венчавка во Битола на македонскиот пејач Димитар Андоновски

0
883

Викендов поп пејачот Димитар Андоновски ја имаше својата свадбена прослава во ресторан Aрена.

На венчавката со прилепчанката Христина, присуствуваа голем број на познати личности меѓу кои актерката Весна Петрушевска, Роберт Билбилов, Влатко Лозановски, Дарко Димитров, Викторија Лоба и други.

Во една година на Димитар му се случија многу убави и големи работи како што сам ни изјави, го официјализираше љубовниот статус во матично и дипломираше.
Преку песна јавно ја побара Христина за жена настан на кој присуствуваше и екипата на Тера телевизија и тоа на концертот со Ламбе Алабаковски.

А за христина вели-лесно е кога ќе го пронајдеш вистинскиот до тебе.
Христина е секогаш покрај мене како моја најголема поддршка.
Свадбата беше спој на традиционална и модерна.
Секој еден од пејачите стана и запеа по една песна . За музичкиот дел беа задолжени и групата Калабалак од Битола, како и групата од Штип Но Енд.
На меден месец , младите ни изјавија дека ќе одат во Дубаи.