Голема воена парада во Пекинг, претставено ново оружје

0
310

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја поздрави во четврток победата од 1945 година против Јапонија, која овозможила од „Кина да се создаде голема светска земја“, означувајќи го почетокот на големата воена парада.

„Големата победа во војната против Јапонија ја направи Кина светска земја“, рече Џинпинг од плоштадот Тијанмен во Пекинг и најави намалување на Народната ослободителна армија.

„Кина никогаш нема да бара надмоќ ниту ширење. Никогаш нема да наметнува трагично страдање на другите нации“, рече кинескиот претседател, пред смотрата на кинеските воени единици.

Тој најави намалување на бројот на кинески војници за 300 илјади.

Проценките се дека Народно ослободителната војска денеска брои 2,3 милиони припадници, а и во минатото таа беше значително намалувана во замена за модернизацијата и значителното зголемување на буџетот.

Околу 12.000 војници и 500 возила во четврток учествуваат во големата воена парада, во која се вклучени и 200 авиони и хеликоптери.

На парадата за првпат се изложени и десетина нови балистички ракети DF-21D, наречени „убијци на носачите на авиони“. Ова ново оружје последните години предизвикува бројни шпекулации во воените кругови околу неговата способност да го кодифицира односот на силите во Тихиот океан. /крај/хн/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY