Голема заинтересираност на македонците за концертот на Роби Вилијамс

0
212

Светската поп мегаѕвезда Роби Вилијамс ќе настапи во среда на 17ти јуни на Ушче во Белград, во рамки на големата„Let Me Entertain You” турнеја. Официјалниот капацитет на овој концерт е 30.000 посетители, од кој веќе половина е распродаден и тоа на повеќе од еден
месец пред овој музички спектакл.

„Пеколот исчезна, пристигна рајот и јас одам на турнеја”, се зборовите со кои Роби ја најави светската турнеја и ја отвори со распродадени концерти во Мадрид, Барцелона и Париз. Единствениот и харизматичен Роберт Питер „РОБИ” Вилијамс е една од најпопуларните
глобални поп ѕвезди во последните 20 години и еден од најпродаваните
изведувачи на сите времиња со 11 албуми продадени во над 77 милиони примероци.
На само 16 години ја започна кариерата како член на бендот „Тејк Дет” ,
а во средината на деведесттите години одлучи да ја лансира соло кариерата, што се покажа како една од најдобрите одлуки во музичката индустрија.
Досега има освоено неверојатни, рекордни 17 Брит награди.

Robbie_Wiliams_Vo_Beograd_-_2.jpg
Роби веќе бележи голем успех и нови рекорди со
актуелната светска турнеја „Let Me Entertain You” за која лично инсистира да опфати и градови во кои досега сѐ уште не
настапувал. Британскиот дневен весник The Guardian оваа година даде и
најдобар опис на неговата спектакуларна турнеја: „Ако постои
некој оваа година кој може да приреди повеќе забава од Роби Вилијамс и
подготвеност на концертите до крај да ѝ се предаде на публиката, баш би сакале да го видиме”.
Настапот на Ушче во Белград е и единствениот концерт од турнејата „Let Me Entertain You” во нашиот регион. Сѐ уште се живи сеќавањата на спектаклот кој Роби го приреди во 2013. на стадионот „Максимир” во Загреб на кој се слеаа фанови од целиот регион. Поради тоа со
право се очекува и на Ушче да пристигне голем број на негови обожаватели од Македонија и соседните земји.